Влада

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе“ во рамки на Отворен кабинет

30.03.2023 19:40

Учениците имаа можност да ги посетат и просториите во коишто се одвиваат официјалните и работните средби, свечености, настани, прес-конференции, седници на Советот за безбедност, предавање на акредитивни писма од странски амбасадори...

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе“ од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности.

Учениците имаа можност да ги посетат и просториите во коишто се одвиваат официјалните и работните средби, свечености, настани, прес-конференции, седници на Советот за безбедност, предавање на акредитивни писма од странски амбасадори.

Во Мозаик салата тие го разгледаа диптихот „Македонија – светла земја“ и „Македонија памети“, дело на еден од најзначајните македонски уметници академик Глигор Чемерски. Од вработените беа запознати со историјатот на објектот во којшто е сместен Кабинетот, како и со начинот на функционирање на институцијата, стои во соопштението од Кабинетот на претседателот.