Кампања против насилството

28.11.2013 20:57

Зачестените насилства во автобусите...

Зачестените насилства во автобусите, кај надлежните  го вклучија алармот за превенирање.  МВР , ЈСП, ОБСЕ  ја почнаа  кампањата за ,,Спречување на нарушувања на јавниот ред и мир во автобусите на градскиот превоз“. Поставување постери , испишани пораки по постојките  и работилници за родителите и за децата. 
 -Продолжуваме убедени дека само со постојан превентивен ангажман и присутност меѓу младите можеме да стигнеме до посакуваните резултати, притоа анулирајќи ги во некоја прифатлива мера нашите законски пропишани репресивни надлежности на сметка на превентивата, рече министерката Јанкулоска на промовирањето на кампањата .
ОБСЕ регистрира позитивни придвижувања во работата на полицијата. Апелира на инволвираност на сирте чинители за да се справат со насилствата меѓу младите. 
Ја имате нашата шелосна поддршка во напорите за обезбедување на безбедно користење на јавниот превоз и превенција на прекршоците и на нарушувањето на Јавниот ред и мир не само во училиштата  туку и на било кое друго јавно место, изјави претставникот на ОБСЕ
ЈСП ќе набави снимачи за камерите за 50 автобуси. Ќе се постават  во автобусите кои сообраќаат на релации каде постои највисок ризик од инциденти како 65, 55, 58 и 7.  Тие ќе помагаат во истрагата и во откривањето на сторителите.Се превенира и со контролори.  
 -Дополнително ние како ЈСП имаме вработено 4-рица контролори кои што од први Септември работат на релациите 65 и 55 , што ги сметаме за најризични линии . Нивната задача е да превенираат вакви ситуации и според информациите имаме успех , затоа што неколку пати се спречени инциденти, рече директорот на ЈСП Николов на промоцијата на кампањата.
Најчесто инцидентите  започнуваат со караница, дрско однесување , омаловажување,  меѓуетничко нетрпение . Зајакнувањето на довербата меѓу учениците  е приоритет на полицијата, со што велат би се намалиле насилставта. Проектот ќе стартува во општините Кисела Вода,  Сопиште, Ѓорче Петров и Гази Баба, а ќе се фокусира на сите средношколци.МВР досега евидентираше 207 малолетници за инциденти и насилство. 35 од нив се гонат кривично ,а 172  заработиле прекршочни пријави.  
Наташа Гркова Петрушевска