Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

31.03.2023 08:56

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 20 степени.