Протест

Вработените од Министерството за култура и денеска на протест

31.03.2023 09:05

Вработените од Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм денеска шести ден ќе одржат протест барајќи средба со надлежните и зголемување на платите...

Вработените од Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм денеска шести ден ќе одржат протест барајќи средба со надлежните и зголемување на платите.

Учесниците на протестот, кој денеска ќе се одржи пред Владата, бараат и средба со министерот за финансии Фатмир Бесими. Тие апелираат министерот за финансии да го одобри Колективниот договор за вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм, со кој сите вработени по принципот на Министерството за финансии, ќе добијат зголемена плата во износ од 30 проценти.