Одличен но неуспешен настап на Тијана на „Евросонг 2014“
Македонската музичка делегација на Евровизија, вчера настапи на втората полуфинална вечер со одличен настап.
Не треба да е е човек голем разбирач на музиката за да чуе и каже дека Тијана имаше динамична песна и одличен сценски настап. Сепак, настапот за песната „To The Sky“ не им обезбеди место во финалето.
Тијана беше во црно-бел костум заедно со придружните вокали, Дејан Пере Тамара, беа исто така беа облечени црни костуми, сценографски и костимографски во „тон“.
Сепак, кога Македонија е во прашање секогаш настануваат проблеми. Сите ја забележавме фонијата, а звук-техничарите говорат дека настапот намерно или ненамерно не бил добро измиксан, вокалот бил премногу напред а музиката позади што овозможува мамка дека Тијана технички не испеала добро.
Останува да го гледаме финалето на Евровизија во сабота и да гласаме за нашиот фаворит, со надеж дека земјите кои се диретно пласирани во финалето ќе го оправдаат своето присуство таму со квалитетни песни.