Свет
Турција ја „крена рампата“ за прием на Финска во НАТО
31.03.2023 09:53
Турција се изјасни за прием на Финска во НАТО. Остануваат уште само неколку формалности, по што Финска ќе стане 31-ва членка на НАТО...

Турција даде согласност за прием на Финска во Алијансата. Големо мнозинство во турскиот парламент гласаше „за“. Остануваат уште само неколку формалности, по што Финска ќе стане 31-ва членка на НАТО. 28, од вкупно 30 сегашни членки одлуката ја донесоа уште одамна, претпоследна тоа го направи Унгарија.
За Финците, согласноста од Анкара доаѓа во посебен момент, со оглед што в недела во земјата се одржуваат парламентарни избори. Приемот на шведска уште е оневозможен. Турција ја обвинува шведска за недоволни напори во сузбивањето терористички организации.
