Во Кочанско се решава проблемот со отпадните води
Со средства од 30 милиони евра, Кочани и околината ќе го решат проблемот со отпадните води, ќе изградат пречистителна станица и на долг рок ке ја заштитат почвата и најголемата река во Источна Македонија- Брегалница...

Кочани трајно го решава проблемот со отпадните води. Со помош на државата и Швајцарската влада, општината става ред во испуштање на атмосферските и фекални води
„Општина Кочани има 8 колектори долж речните корите. Сите тие ќе се соберат на едно место и таму ќе се изгрдаи прочистителна станица“, изјави Ратко Димитровски, градоначалник на Кочани.
Целата постапка ќе се одвива во четири фази од кои првите две за заштита на Брегалница и одвојување на фекалната и атмосферската канализација веќе се отпочнати, а останатите, дополнително ќе се реализираат, во зависност од финансиските средства.
„За целокупната оваа намена се предвидени средства од околу 30 милиони евра. Од нив 5,5 милиони се за заштита на реката Брегалница, 1,2 милиони се наменети за одвојување на фекалната од атмосферската канализација, а останатите 22 милиони ќе бидат наменети за санација на колекторите и изгрдаба на прочистителната станица“, додава Димитровски.
Сите активности поврзани со зафачање и прочистување на отпадните води би требало да завршат до 2018 година. Со ова, општина Кочани ќе стане првата општина од регионот која на соодветен начин го решава прашањето со отпадните води, а со тоа и заштита на почвата и водите на Брегалница.
Оливера Жежова
