Европска Унија
ЕУ ја осуди Москва за непочитување на слободата на медиумите
31.03.2023 10:11
Според шефот на европската дипломатија, Борел, новинарите треба да можат слободно да ја вршат својата професија и заслужуваат да бидат заштитени...

Шефот на европската дипломатија, Борел, рече дека Европската Унија го осудува затворањето на американскиот новинар Гершкович во Русија под обвинение за шпионажа. Според него новинарите треба да можат слободно да ја вршат својата професија и заслужуваат да бидат заштитени.
Руската безбедносна служба, соопшти дека е уапсен дописник на американскиот весник „Вол Стрит Журнал“ под сомнение за шпионажа во корист на Вашингтон.
