Ковачевски- Вучиќ: Овозможуваме забрзан регионален развој
Потврдено долгогодишното партнерство и пријателство меѓу Македонија и Србија кое се отсликува преку постојаната взаемна поддршка за клучни прашања и предизвици кои ги засегаат двете земји...

Средба Ковачевски- Вучиќ во Белград. Потврдено долгогодишното партнерство и пријателство меѓу Македонија и Србија кое се отсликува преку постојаната взаемна поддршка за клучни прашања и предизвици кои ги засегаат двете земји.
На средбата разговарано и за регионалните иницијативи кои се можност за перспективи и уште поголемо унапредување на меѓусебната соработка. Целта на Отворен Балкан и Берлинскиот процес е регионален развој и побрза интеграција на единствениот европски пазар и во Европската унија, соопштуваат од владината прес- служба.
Премиерот Ковачевски и претседателот Вучиќ разменија мислења за политиката на проширување на Европската унија со земјите од Западен Балкан и за динамиката на пристапните преговори на Северна Македонија и Србија. Во таа насока беа потенцирани реформските процеси во повеќе клучни области, градење на институционални капацитети како и развојните стратегии кои ги спроведуваат владите на двете земји.
На средбата беа разменети и информации за делувањето на двете држави во рамки на Западен Балкан, во контекст на економската, демократска и безбедносната ситуација во регионот и Европа.
