МРТ

243 санкции за сообраќајни прекршоци на територија на државата

31.03.2023 11:05

При контролата, санкционирани се 31 возач за возење без возачка дозвола, а 10 возила биле со неисправен уред за сопирање...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 10 до 14 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 243 санкции за сообраќајни прекршоци.

При контролата, санкционирани се 31 возач за возење без возачка дозвола, а 10 возила биле со неисправен уред за сопирање...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, информираат од МВР.