66 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, осум возила упатени на вонреден технички преглед
Вчера на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани се 66 сообраќајни прекршоци, од кои 10 за непрописно вклучување во сообраќај, девет за возење без сообраќајна дозвола, шест за користење мобилен телефон за при возење.
На вонреден технички преглед биле упатени осум возила.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесат да се зголеми безбедноста на децата и на сите учесници во сообраќајот, информираат од МВР.
