ФИЛМ

Две меѓународни премиери на филмот „Љубовната соба“ на режисерката Сузана Диневска

31.03.2023 12:24

Филмот имаше две меѓународни премиери во текот на март, на „Феникс Филм Фестивал“ во Аризона, САД и на „Загреб Докс“ во Загреб, Хрватска...

Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски е избран во официјалната селекција во категоријата „World Cinema Features“ на фестивалот во Феникс, што се одржува 0д 23-ти март до 2-ри април.

Филмот имаше две меѓународни премиери во текот на март, на „Феникс Филм Фестивал“ во Аризона, САД и на „Загреб Докс“ во Загреб, Хрватска. Филмот е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм „Сузи Кју продукција“ и „Аворд Филм и Видео“.