Одбојка

Квалифинации како најава за Европската лига

09.05.2014 10:29

Во сезоната во којашто македонската одбојка ќе отвори ново поглавје – дебитанскиот настап во Европската лига, нашиот национален тим ќе ги одработи и квалификациите за пласман на континенталниот шампионат во 2015-та. Првата фаза е во Струмица од денеска до недела, а противници на одбојкарите во црвено – жолто ќе бидат Азербејџан, Грузија и Шведска.

Домашниот терен и квалитетот на ривалите дава реална надеж дека Македонија ќе се најде на едно од првите две места во групата, а со тоа и дека ќе обезбеди учество во вториот натпреварувачки сегмент.

„Одработевме многу. Играчите сами наметнаа силно темпо, работната дисциплина беше одлична и на тој начин ги пополнуваме празнините во составот. Со оглед дека ние не сме комплени, а сите други репрезентации располагаат со најсилните тимови, очекувам изедначен турнир“, прогнозира селекторот на Македонија Жарко Ристоски.

Одбојкарите тренираа од понеделникот кога се приклучија Владо Милев и Александар Љафтов. Ѓоко Јосифов поради повреда нема да може да им помогне на репрезентативните колеги кои се собраа на крајот на април, а на почетокот на овој месец одиграа две пријателски средби со Црна Гора, како подготовка за дуелите во салата „Парк“. Токму струмичката публика, којашто сезонава се радуваше на двојна клупска круна, ќе биде адут на нашата селекција.

За оние што не можат да ја бодрат Македонија од трибините, јавниот сервис нуди тридневно одбојкарско уживање. Преносите се на Собранискиот сервис од 18 часот, првиот е денеска против Азербејџан.