Првите луѓе на одбраната брифираа за процесот на модернизација на Армијата
Планот за достигнување на НАТО целите за модернизација на Армијата ќе се одвива етапно до 2032-та. Веќе се склучени договори влада со влада со сојузниците за набавка на возила, транспортери и противвоздушен систем, а наскоро и хеликоптери, брифираа од Министерството за одбрана. Донираното оружје од источно производство за Украина нема да ја наруши борбената подготвеност, оценуваат од Армијата...

Армијата е во НАТО, но меѓутоа и НАТО со своите стандарди за најмодерна и најсофистицирана опрема, влегува во Армијата. Планот за постигнување на НАТО целите етапно ќе се спроведува до 2032-та со набавка на опрема и оружје во вредност околу 900 милиони евра. Досегашната опрема и оружје, од источно, се заменува со западно производство од сојузниците во НАТО.
Тенковите, авионите и хеликоптерите од источно производство што се донирани на Украина, не можат да влезат во плановите за модернизација на Армијата.
Модернизацијата на армијата се одвива со поддршка од САД, Обединетото Кралство, Турција, но најава има и од Норвешка и Германија. Истовремено се вложува и во развој на армискиот полигон Криволак.
Ирина Гелевска
