Прекуграничен проект за претприемништво на дипломираните студенти
Дипломираните млади високообразовни кадри од сите профили имаат реална можност да го развиваат претприемништвото, заедно со нивните врсници од Грција. Ќе учат преку онлајн обуки и работилници. Се спроведува првиот ваков проект од Интерег-ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција...

Најмалку 24 дипломирани македонски високообразовни кадри преку онлајн обуки ќе го развиваат претприемништвото, ќе стекнуваат самодоверба со идеи за сопствен бизнис и полесно вработување. Ќе работат со своите врсници од соседна Грција. Почнува проектот за претприемништво на дипломираните студенти од сите професии. Ќе има и петдневна обука во Солун.
Невладината „Станица П.Е.Т.“ бара поголема мотивација за младите Роми повеќе да се запишуваат на високото образование. Првиот ваков проект од прекуграничната соработка, кофинансиран од Европската унија, треба да даде придонес во решавањето на големиот општествен проблем – одлив на младите мозоци.
Проектот е од Интерег – ИПА програмата за прекугранична соработка. Треба да биде готов до крајот на ноември.
Елизабета Митреска
