Путин и Медведев во Крим по повод денот на победата над фашизмот
Светот го одбележува 9-ти мај, Денот на победата над фашзмот.

Рускиот претседател Путин и премиерот Медведев ќе присуствува на воената парада, која традиционално се одржува во Москва, на која се претставуваат најголемите достигнувања во руската воена технологија. Според медиумите после свеченоста на Црвениот плоштад, Путин и Медведев ќе присуствуваат и на парадата во Крим. Тоа ќе биде нивна прва посета на полуостровот од почетокот на кризата. Украинскиот премиер Јацењук, најави засилени мерки на безбедност за време на одбележување на празникот, поради сомневање дека може да дојде до провокација од страна на Русија. Украинскиот претседател Турчинов вети амнесија за сите проруски сепаратисти кои ќе го предададат оружјето и ќе ги ослободат завземените административни згради.
