Македонија

150 претставки до Хелсиншки комитет за повреди на права од здравствената заштита

31.03.2023 14:59

Граѓаните до Хелсиншки комитет пријавувале несовесно лекување болни, неукажување медицинска помош, доколку не добиле одговор од здравствените институции, а поднеле претставка се со цел да добијат правна заштита. Освен Хелсиншки комитет и здружението на млади правници како и здружението на млади лекари им помагаат н граѓаните да ги остварат нивните права...

Несовесно лекување, неукажување медицинска помош, не примена на соодветни хигиенски мерки во текот на болничко лекување, невнимание на медицинскиот персонал причина за смрт на пациент поради алергиска реакција. Сериозни пропусти во гинекологија и инфектологија. Четири кривични пријави поднеле младите правници по констатирани повреди на права од здравствената заштита.

Грешки и пропусти во лекување на пациенти има и во јавното и во приватното здравство. Велат, од Здружението на млади правници кои заедно со Хелсиншки комитет барале правна основа за поднесување на пријави и претставки.

Освен за лекување за време на ковид пандемијата, голем број на пријави од граѓани се однесувале на периодот пред појава на Ковид – 19.

Граѓаните до Хелсиншки комитет поднеле околу 150 претставки за повреди на нивните права од здравствена заштита.

 

Наташа Јанчиќ Менковски