Ковачевски на средби во Белград

Односите меѓу Македонија и Србија се на највисоко ниво, нема отворени прашања

31.03.2023 15:10

Македонија и Србија немаат отворени прашања, односите најдобри во современата историја. Премиерот Ковачевски на средби со државниот врв во Србија. Покажуваме дека сме просперитетен регион. Фокусот на земјите од Западен Балкан е забрзување на европската интеграција…

Односите меѓу Македонија и Србија се на највисоко ниво, нема отворени прашања-од Белград оценија премиерот Ковачевски и државниот врв на Србија. Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ ја подобри економската соработка. Заедничкиот систем за електронска наплата на патарини ќе го олесни патувањето на граѓаните.

Од Белград известува Анита Димитријевска-Велковска