Новиот Граѓански законик ќе обезбеди поголема правна сигурност и полесно остварување на правата на граѓаните
Министерството за правда на Република Северна Македонија и Работната група за граѓанскиот законик поддржани од регионалниот проект „Правни реформи за економски развој во Западен Балкан“, финансиран од германското сојузно Министерство за економска соработка и развој (БМЗ) и имплементиран од ГИЗ...

Министерството за правда на Република Северна Македонија и Работната група за граѓанскиот законик поддржани од регионалниот проект „Правни реформи за економски развој во Западен Балкан“, финансиран од германското сојузно Министерство за економска соработка и развој (БМЗ) и имплементиран од ГИЗ, организираат дводневна Конференција за законот за семејно право и законот за наследство која се одржува на 31-ви и 1-ви април во Охрид, Северна Македонија.
На отворањето на конференцијата Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик-министерка за правда на Северна Македонија истакна дека „усвојувањето на Граѓанскиот закон претставува најсериозен потфат не само во сферата на граѓанското право, туку и во рамките на правниот систем на нашата држава. Со изработката на Граѓанскиот законик ќе се надминат правните празнини, недореченостите и противречностите коишто постојат во законите што ја регулираат оваа материја и ќе се обезбеди и она што е најголем проблем во владеењето на правото во државата, а тоа е правната сигурност“, стои во соопштението од Министерството за правда.
