Ставови на Мицкоски за платите и за Уставот
Владата веднаш да преземе чекори за намалување на коефициентите за сложеност на работата, ДУИ и СДСМ одат со погрешна констатација дека со влегувањето на бугарите во македонскиот Устав...

Владата веднаш да преземе чекори за намалување на коефициентите за сложеност на работата, а ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го поддржи, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако Уставниот суд укина одредби во законот со што избраните функционери добија покачување на платите од 78 проценти.
Мицкоски вели, ДУИ и СДСМ одат со погрешна констатација дека со влегувањето на бугарите во македонскиот Устав, ќе се направи јасно разграничување меѓу двата народи. Според него, ниту авторот на живковизмот немал проблем со македонската нација, ниту неговите следбеници, меѓу нив и претседателот Радев.
На социјалните мрежи од два профили испратена идентична закана до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во која се споменува и неговото семејство. Мицкоски вели, не сум уплашен и нема да пријавам во полиција, тој како што изјави нема намера да користи ниту обезбедување кое му следува од државата.
Миле Ристески
