Берлускони ќе волонтира во болница каде се лекуваат од Алцхајмерова болест

09.05.2014 10:36

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони од денеска почнува да ја отслужува казната.

Берлускони мора да учествува во општествено корисна работа, на која е осуден минатата година поради криење на данок. Берлускони во текот на следната година ќе мора еднаш неделно да волонтира во болница во која се лекуваат пациенти од Алцхајмерова болест. 
„Мислам дека ќе волонтирам повеќе од една година и подготвувам големо изненадување за болните”-  изјавил Берлускони во телевизиско интервју.