Сообраќај

МЖ Транспорт најавија протест

31.03.2023 19:42

Машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт од попладнево најавија блокада на железничкиот сообраќај. Бараат зголемување на вредноста на бодот за 30 проценти...

Машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт од попладнево најавија блокада на железничкиот сообраќај. Бараат зголемување на вредноста на бодот за 30 проценти, исплата на вториот дел од платата за февруари, исплата на ноќна работа за кондуктерите.

Од Синдикатот бараат и вработување на 40 машиновозачи за што, како што велат, уште во февруари имаат испратено барање до Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и до Владата.