Ин мемориам

Почина Миле Кочовски, дизајнер на светло во МТВ

31.03.2023 20:06

По кратко боледување денеска почина Миле Кочовски. Кочовски работниот век го помина во Македонската РадиоТелевизија...

По кратко боледување денеска почина Миле Кочовски. Кочовски работниот век го помина во Македонската Радио Телевизија.

Работеше во одделението за светло како дизајнер на светло. Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Бутел во недела, 2 април од 11 часот, а погребот ќе се изврши во 12 часот.

Му благодариме за соработката, нека му е вечен споменот!