Ракомет

Савевски го скрати списокот со интернационалки против Украина

31.03.2023 20:59

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски го скрати списокот пред стартот на подготовките за бараж двомечот за пласман на СП 2023 во Норвешка, Шведска и Данска...

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски го скрати списокот пред стартот на подготовките за бараж двомечот за пласман на СП 2023 во Норвешка, Шведска и Данска.

Савевски повика 20 ракометари на собир, од кои ќе ги одбере 16 што ќе настапат на натпреварите против незгодната селекција на Украина. Првиот натпревар против Украина ќе се игра на 8. април на домашен терен, додека реваншот на неутрален терен во Унгарија е закажан за 11. април.

Во националниот тим на Македонија се враќаат десниот бек Елена Ѓорѓиевска и пивотот Ивана Гакидова.