Тенис

Русите и Белорусите се враќаат во Вимбилдон

31.03.2023 21:05

Руските и белоруските тенисери повторно ќе може да играат на најголемиот тениски турнир Вимблдон откако денес се донесе одлука да се тргне забраната поради која не можеа да биде дел од овој турнир...

Руските и белоруските тенисери повторно ќе може да играат на најголемиот тениски турнир Вимблдон откако денес се донесе одлука да се тргне забраната поради која не можеа да биде дел од овој турнир.

Ваквите санкции се наметнаа од почетокот на воениот конфликт во Украина, а по долги разговори денес и официјално се даде зелено светло да се вратат од оваа година. Според одлуката тие ќе можат да настапат како неутрални тенисери.

Оваа година Вимблдон ќе стартува на 3-ти јуни, а тенисерите ќе имаат дозвола за настап и за турнирите кои традиционално се играат пред Вимблдон, како Квинс и Истбурн.