Се одбележува 1-ви април, Денот на шегата
По повод Денот на шегата, Градскиот дувачки оркестар ќе одржи традиционален првоаприлски параден концерт на кој ќе бидат изведени маршеви и детски композиции. Концертот ќе се одржи во Градскиот парк, со почеток од 12 часот.
Во Скопје со повеќе настани денеска се одбележува 1-ви април, Денот на шегата. Вообичено, на овој ден дефилираат најмладите маскирани во суперхерои, принцези, ликови од цртани филмови.
По повод Денот на шегата, Градскиот дувачки оркестар ќе одржи традиционален првоаприлски параден концерт на кој ќе бидат изведени маршеви и детски композиции. Концертот ќе се одржи во Градскиот парк, со почеток од 12 часот.
Исто така, од 12 часот во Веро центар, дечињата заедно со омилените ликови од „Светот на Биби“ на специјален начин ќе го одбележат Денот на шегата.
Поради огромниот интерес за детскиот балетски спектакл „Петар Пан“, денеска во Националната опера и балет ќе се одржат две претстави.
*Фото/ Извор: МИА
