„Жизел“ во понеделник на сцената на МОБ
Праизведен е во Париз, во 1841 година. Тој е еден од ретките балети кои имаат непрекината традиција на изведување...
Во понеделник, 12-ти мај , 2014 г. со почеток во 20 часот, во рамките на 42 Мајски оперски вечери, ќе биде изведен романтично-фантастичниот балет во два чина „Жизел“.
Праизведен е во Париз, во 1841 година. Тој е еден од ретките балети кои имаат непрекината традиција на изведување.
На сцената на МОБ во „Жизел“ во насловната улога ќе настапат Првенката на Берлинскиот државен балет, Јана Саленко; нејзин партнер во улогата на Алберт, Дину Тамазлакару, кој исто така работи во Берлин; Хиларион: Бобан Ковачевски; Мирта: Ивана Коцевска; Па де де: Билјана Басмаџиева и Иван Бојко (Украина).
Настапува комплетниот балетски ансамбл и оркестарот на МОБ. Кореограф е Леонид Лавровски (Русија), диригент е Алис Фарнам од Велика Британија.