Македонија ЃП поуспешна од Работнички во градското дерби

01.04.2023 18:28

Со триумфот Македонија ЃП се израмни на петтото место со штипска Брегалница со 32 бодови, додека Работнички остана на осмото место со 24 бодови.

Македонија Ѓорче Петров го совлада попладнево Работнички со 2-1 во скопската пресметка на отворањето на 25 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Со триумфот Македонија ЃП се израмни на петтото место со штипска Брегалница со 32 бодови, додека Работнички остана на осмото место со 24 бодови.

Прволигашкото коло ќе биде комплетирано утре со натпреварите Брегалница – Тиквеш, Шкендија – Победа, Шкупи – Скопје и Струга – Академија Пандев.

Слободна во ова коло е екипата на Силекс.