70 години извиднички одред „Димитар Влахов“- Велес
Извидништвото како стил на живеење, со децении има лица кои го живеат и се дел од оваа организација. Некој сака фудбал, друг риболов, а за трети избор бил извидништвото…

Некој се занимава со фудбал, друг со риболов, нашиот избор бил извидник. Така армијата извидници ја објаснуваат нивната посветеност кон извидништвото. За нив, ова е повеќе од љубов, посветеност кон природата, кон другарството и дружењето, детска игра која преминала во стил на живот.
Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ од Велес, кој е најстар во Македонија, одбележа 70 години постоење. Низ неговите редови минале 40 илјади членови, без малку цел еден град, како Велес. Во тие седум децении, одредот имал и подеми и падови. Еден од тие што оставиле силен траг во работата на одредот е и Жика Пановски, негов член од 1958 година.
Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ од Велес има солиден број камперска, пловна опрема, нивниот извиднички центар Голозинци има сместувачки капацитет од 50 легла и 250 шаторски места, дом на 36 одржани извиднички средби. Но, тој развива и блиска соработка со одреди од поранешна Југославија, пријателствата останеле.
За да се извадат младите од нивните домови, извидничкиот одред им нуди кампување и живот во природа, исхрана во природа, ориентација и топографија.
Петар Печков
