Во пожар во Велес изгоре човек
Во куќа на улицата „Васа Кошулчева“ во Велес, рано изутрината пожарникарите пронашле изгорен човек. Собата каде што е и пронајдено изгореното тело на 67-годишниот маж, била целосно пеплосана. Телото е предадено на обдукција. Екипа од крим-техника на велешката полиција и јавен обвинител ги утврдуваат причините за трагедијата…

Утрово во населба близу Железничката станица во Велес, во пожар настрада човек, чиј идентитет сè уште не е познат. Пожарот се случил на улицата „Васа Кошулчева“ број 2, во куќа која е на 50 метри од противпожарната единица.
Повикот за пожар бил примен во 5 часот и 10 минути, а огнот локализиран во 5 часот и 30 минути. Соседите беа изненадени од веста дека во соседството изгорел човек, во огнот кој ја зафатил собата каде тој спиел.
Починатото лице било пронајдено во кревет во јагленосана состојба.
Ова е втор случај за две седмици во Велес, кога од последиците на огнот кој зафатил семеен дом, смртно настрадаа двајца велешани.
Петар Печков
