Свет

Украина: Едномесечното претседавање на Русија во Советот за безбедност е шлаканица за меѓународната заедница

02.04.2023 13:54

Зеленски воведе десетгодишни санкции против 33 руски државјани и 225 компании. Санкционирани се и пратениците од самопрогласената Луганска Народна Република, регионите Запорожје и Херсон.

Едномесечното претседавање на Русија во Советот за безбедност на ООН е „шлаканица за меѓународната заедница“, велат украинските власти.

Зеленски воведе десетгодишни санкции против 33 руски државјани и 225 компании. Санкционирани се и пратениците од самопрогласената Луганска Народна Република, регионите Запорожје и Херсон.

На Поглаварот на Украинската православна црквна, митрополитот Павел му е одреден 60-дневен домашен притвор. Тој беше осуден по сослушувањето врз основа на обвинението дека ги воздигнувал руските сили и поттикнувал верски поделби.

На фронтот, битките продолжуваат.