Атлетика

Ламела е пронајден мртов

09.05.2014 10:55

Ламела Беше светска атлетска класа со препознатлив начин на изведување на скоковите. Во ловот на далечините влегуваше со исклучително брз залет и експлозивен одраз...

Познатиот атлетичар Јаго Ламела е пронајден мртов во неговиот дом во Шпанија.Имаше 36 години и богата спортска кариера зад себе.Во подолг период тој пател од депресија, а поради психичките проблеми бил и хоспитализиран.

Ламела  е најдобриот скокач во далечина на Шпанија на сите времиња.Освојувач на сребрен медал на светското првенство во Севиља во 1999 година и бронзен медал на атлетскиот Мундијал во 2003 во Париз.Неговиот скок  од 8 метри и 56 сантиметри постигнат во Маебаши во Јапонија една деценија, до 2009 година беше европски рекорд во сала.

Ламела Беше светска атлетска класа со препознатлив начин на изведување на скоковите. Во ловот на далечините влегуваше со исклучително брз залет и експлозивен одраз. Повлекувањето на Ламела од атлетската патека започна во 2004 година по првото неуспешно лекување на повредата на Ахиловата тетива.Обидите да му се врати на залетиштето траат до 2009 година кога дефинитивно ја напушта атлетиката.Во изминатите години има чести напади на депресија, а од 2011 година бил под психијатриски надзор во болница  во Астурија.