Јаков Милатовиќ- нов претседател на Црна Гора
Излезноста на изборите беше 70 отсто од вкупно запишаните околу 550.000 гласачи.

Јаков Милатовиќ победи на претседателски избори во Црна Гора, освојувајќи околу 60 отсто од гласовите, додека неговиот противкандидат и актуелен претседател Мило Ѓукановиќ освои околу 40 отсто, објави црногорската изборна комисија врз основа на над 80 отсто преброени гласови.
Излезноста на изборите беше 70 отсто од вкупно запишаните околу 550.000 гласачи.
Јаков Милатовиќ е економист, поранешен министер за економски развој во првата влада формирана по парламентарните избори одржани во август 2020 година, на кои Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Ѓукановиќ го загуби мнозинството во парламентот за првпат по три децении.
Милатовиќ е третиот претседател на Црна Гора од независноста во 2006 година.
