Регион

Повторно нема видлив победник на изборите во Бугарија

02.04.2023 20:45

Коалицијата „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ освоила 26,4 отсто од гласовите на Бугарите, додека ГЕРБ-СДС имаат 25,5 отсто од гласовите.

На денешните петти парламентарни избори во Бугарија во поледните две години, повторно не се наѕира јасен победник, бидејќи двете најсилни коалиции изборниот ден го завршуваат речиси изедначено, покажуваат првичните анкети.

Коалицијата „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ освоила 26,4 отсто од гласовите на Бугарите, додека ГЕРБ-СДС имаат 25,5 отсто од гласовите.

Според очекувањата, и денешниот изборен ден мина со исклучително лоша излезност од само 38, 49 отсто.

Според првичните резултати на „Алфа Рисрч“, претставени на Бугарската национална телевизија, По „ПП-ДБ“ и ГЕРБ-СДС“, на трето место е ДПС со 13,9 отсто, „Препород“ има 13,5 отсто а „БСП за Бугарија“ 9,2 отсто.

Се уште е нејасно дали во новиот бугарски Парламент ќе влезат пет или шест партии, бидејќи до прогласувањето на конечните резултати нема да се знае дали „Бугарски подем“ или „Има таков народ“, ќе успеат да го минат изборниот цензус.