Здравство
„Астма-нерешена енигма и во 21-от век“
09.05.2014 11:32
Стручен состанок по повод Светскиот ден на астмата ...

На тема „Астма-нерешена енигма и во 21-от век“, Македонското здружение за алергологија и клиничка имунологија заедно со ЈЗУ Универзитетска Клиника за пулмологија и алергологија организираат стручен состанок по повод Светскиот ден на астмата.
Целта на состанокот е запознавање со најновите стручни и научни достигнувања од областа на респираторната медицина и алергологија како континуирана медицинска едукација.
Свои презентации ќе имаат проф. д-р Анѓелко Ѓорчев, проф. д-р Горица Грешковска, проф.д-р Дејан Докиќ. Потврдено е учеството и на предавачи од Република Србија проф.д-р Мирјана Богиќ и проф.д-р Ивана Станковиќ.
