МНР

Османи на министерски состанок за Западен Балкан во Рим

03.04.2023 09:18

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Рим ќе учествува на министерскиот состанок за Западен Балкан...

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Рим ќе учествува на министерскиот состанок за Западен Балкан, на покана од потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани.

Османи, како што најавуваат од МНР, ќе има излагање на двете сесии на министерскиот состанок посветени на евроинтегративните процеси на државите од Западниот Балкан, а ќе се обрати и на конференцијата „Нови визии за Западниот Балкан: пристапувањето во ЕУ и регионална безбедност“, во ко-организација на Министерството за надворешни работи на Италија, Институтот за меѓународни работи од Рим и Опсерваторијата Балкан од Тренто.