Скијање
Победа на Зајц, Крафт со кристелен глобус во ски летови
03.04.2023 09:21
Репрезентативецот на Словенија, Тими Зајц, е победник на последниот натпревар од Светскиот куп во ски-скокови, севкупната победа во летови ја обезбеди Крафт...

Репрезентативецот на Словенија, Тими Зајц, е победник на последниот натпревар од Светскиот куп во ски-скокови. Тој со скоковите од 232.5 и 234 метри освои само 0.1 поен повеќе од репрезентативниот колега Ланишек, кој имаше скокови од 239.5 и 242, но со поголема помош од ветерот.
Подиумот го комплетираше Австриецот Штефан Крафт. Севкупната победа во летови ја обезбеди Крафт, кој ги искористи полошите летови на Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд, на последната рунда од Светскиот Куп.
