Формула

Победа за Вастапен во Мелбурн

03.04.2023 09:35

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја оствари 37-та победа во кариерата откако славеше на трката за Големата награда на Австралија, која се возеше на патеката во Мелбурн...

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја оствари 37-та победа во кариерата откако славеше на трката за Големата награда на Австралија, која се возеше на патеката во Мелбурн. Ова беше прва победа на Фестапен во Австријалија.

Трката беше многу динамична со еден куп инциденти, поради што и беше прекинувана неколку пати. Верстапен по лошиот старт и губење на стартната позиција, веќе во 12. круг успева да ја исправи грешката и лесно со пробива на чело на колоната пред Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо.

По задоцнување од околу половина час, трката беше повторно рестартирана со редослед на возачите како пред последниот рестарт, но возачите беа придружувани со безбедносно возило речиси до целта. По последниот свиок, Луис Хамилтон стисна на гаста и се обиде да го претекне Верстапен, но не му успеа.