Тенис
Ѓоковиќ се врати на врвот на АТП листата
03.04.2023 09:53
Новак Ѓоковиќ, официјално се врати на врвот на АТП листата откако Карлос Алкараз не успеа да го освои турнирот во Мајами...

Новак Ѓоковиќ, официјално се врати на врвот на АТП листата откако Карлос Алкараз не успеа да го освои турнирот во Мајами и беше елиминиран во полуфиналето.
Шпанскиот тенисер мораше да го одбрани трофејот освоен во Мајами минатата година за да остане на врвот, но во полуфиналето беше поразен од Јаник Синер. Ѓоковиќ сега има 7.160 поени, 380 повеќе од Алкараз.
Калин Ивановски забележа нов скок, сега од 18 позиции со што стигна до 457-то место кое е негов најдобар ранкинг во досегашната кариера.
