МВР

Приведени двајца крадци во Кавадарци, одземеното вратено на сопственикот

03.04.2023 10:23

Тие се сомничат дека од двор на куќа, сопственост на К.Н.(55) од с. Крушевица, општина Росоман, одзеле повеќе предмети...

Вчера полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Е.М.(20) од Кавадарци и Д.Џ.(20), со привремен престој во Кавадарци.

Тие се сомничат дека од двор на куќа, сопственост на К.Н.(55) од с. Крушевица, општина Росоман, одзеле повеќе предмети. Лицата биле приведени во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.