Црна Гора
Јаков Милатовиќ победник на изборите во Црна Гора
03.04.2023 10:26
Милатовиќ рече дека овој момент го чекале повеќе од 30 години и дека ова е победа на сите граѓани на Црна Гора...

Јаков Милатовиќ со предност од речиси 70.000 гласа, го победи долгогодишниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. Премиерот Абазовиќ му честиташе на новоизбраниот претседател. Рече дека на Црна Гора и претстои светла иднина.
Милатовиќ рече дека овој момент го чекале повеќе од 30 години и дека ова е победа на сите граѓани на Црна Гора. Истакна дека сака добри односи со сите земји и дека Црна Гора, за пет години ќе биде во Европската Унија.
