Финска

Победа на десниот центар на изборите во Финска, Марин го призна поразот

03.04.2023 10:34

Актуелната премиерка на Финска, Сана Марин, го призна поразот на парламентарните избори на кои победи централно-десничарската национална коалиција...

Актуелната премиерка на Финска, Сана Марин, го призна поразот на парламентарните избори на кои победи централно-десничарската национална коалиција.

Најмладата шефица на влада во светот, кога дојде на власт на крајот на 2019-та година, беше пофалена за доброто управување со пандемијата на ковид-19 и процесот на пристапување во НАТО, и за ставот против Русија.

Критикувана беше за економските резултати и видеата од забавите.