Руско - украински конфликт

Зеленски: Состојбата во Бахмут е особено жешка

03.04.2023 10:34

Украинските власти, велат дека силите продолжуваат да ги бранат своите позиции, додека руската војска не обрнува доволно внимание на нивните загуби додека напаѓаат...

Украинските власти, велат дека силите продолжуваат да ги бранат своите позиции, додека руската војска не обрнува доволно внимание на нивните загуби додека напаѓаат. Украинскиот претседател Зеленски, изјави дека воената ситуација е „особено жешка“ околу Бахмут, бидејќи продолжуваат повеќемесечните напори на Русија да го заземе градот, најдолгата битка од почетокот на руската инвазија.

Русија, пак, ќе го распореди своето тактичко нуклеарно оружје во близина на западните граници на Белорусија, што веројатно дополнително ќе го ескалира конфликтот на Москва со западот.