Сириските бегалци во Грција се опасност за ширење на детска парализа
09.05.2014 12:31
Грчките власти предупредуваат ...

Грчките власти предупредуваат за опасност од ширење на вирусни заразни заболувања меѓу кои и детска парализа, предизвикани од сириските бегалци згрижени во Грција. Тие се во состојба на зголемена будност. Загриженоста произлегува од фактот што Сирија веќе три години е во граѓанска војна поради која не функционира здравствениот систем и не се спроведуваат програмите за имунизација. Детската парализа или полио е заразна болест што се пренесува по орален или фекален пат, а предизвикува парализа на мускулно- скелетниот систем.
Соња Стојановска
