Протест

Вработените од Министерство за култура повторно на протест пред Влада

03.04.2023 11:07

Вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм, преку мирен протест ќе го изразат незадоволството поради своите недостоинствени месечни примања...

Денеска во период од 13 до 15 часот, повторно пред Владата, вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм, преку мирен протест ќе го изразат незадоволството поради своите недостоинствени месечни примања.

„Во Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство, платите на скоро 70 отсто од вработените се под просечната плата во земјава, а разликата со платите на вработените на истите позиции во установите од областа на културата е и по 10.000 денари“, велат од овие институции.

Вработените во трите институции бараат покачување на платите по примерот на вработените во Министерството за финансии, кои со Закон се зголемија за 30 отсто.