Со предност од речиси 70 илјади гласа Милатовиќ е новиот претседател нa Црна Гора
Со предност од речиси 70 илјади гласа, го победи долгогодишниот претседател Мило Ѓукановиќ. Премиерот Абазовиќ му честиташе на новоизбраниот претседател, рече дека на Црна Гора и претстои светла иднина...

Јаков Милатовиќ е новиот претседател на Црна Гора. Со предност од речиси 70 илјади гласа, го победи долгогодишниот претседател Мило Ѓукановиќ. Премиерот Абазовиќ му честиташе на новоизбраниот претседател, рече дека на Црна Гора и претстои светла иднина.
Милатовиќ вели дека ова е победа на сите граѓани. Истакна дека сака добри односи со сите земји и дека Подгорица за пет години ќе биде во ЕУ.
„Црна Гора направи одлучувачки чекор напред, се збогуваше со неревидиран режим на г. Ѓукановиќ и направи чекор напред кон побогата, поправедна, порамноправна, поубава и европска Црна Гора и нека ни е со среќа“, изјави Јаков Милатовиќ – победнички кандидат на претседателските избори.
„Мислам дека сега е многу важно Црна Гора да го направи следниот избор, тоа е оној закажан за 11 јуни – парламентарни избори. Мислам дека сето она што се случува деновиве, потврдува дека за жал, Црна Гора нема влада. Црна Гора има погрешни институции и тие институции не беа на висина на задачата ниту во овој изборен процес“, изјави Мило Ѓукановиќ – претседател на Црна Гора.
