Русија
Приведена осомничена под сомнение за вмешаност во експлозијата во Санкт Петерсбург
03.04.2023 12:00
Руските истражители соопштија дека привеле осомничена за експлозијата на бомба во кафуле во Санкт Петерсбург, при што загина воениот блогер...

Руските истражители соопштија дека привеле осомничена за експлозијата на бомба во кафуле во Санкт Петерсбург, при што загина воениот блогер и поддржувач на руската кампања во Украина, Владлен Татарски.
Дарја Трепова е приведена под сомнение за вмешаност во експлозијата во кафуле. Според истрагата, Трепова во кафулето донела кутија со биста на Татарски, во која имало експлозивна направа што го уби рускиот блогер.
Во експлозијата беа повредени 32 лица.
