Во ОЈО сè уште не е пристигнат обдукцискиот наод за смртта на Јана
За дел од анализите, кои треба да се извршат потребно е повеќе време за нивната изработка, велат од Обвинителството. Во меѓувреме надлежниот јавен обвинител преземал други дејствија на проверки...

Во Обвинителството сè уште не е пристигнат обдукцискиот наод кој треба да покаже која е причината за смртта на шестгодишната Јана од Битола. Од таму додаваат дека за дел од анализите, кои треба да се извршат потребно е повеќе време за нивната изработка. Но, во меѓувреме надлежниот јавен обвинител преземал други дејствија на проверки.
Досега се сослушани повеќе лица, за кои Обвинителството смета дека имаат сознанија да помогнат во расветлување на случајот. Комисија од специјалисти, формирана од Министерството за здравство беше на увид, но нема одговор што утврдиле. Контрола во болницата направија и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, според нив не се констатирани пропусти.
Шестгодишната Јана, почина пред десетина дена во битолската болница. Голем број граѓани протестираа во Скопје и во Битола, од каде порачаа доста е нефункционалноста, партизацијата и лошите услови во здравствениот систем.
