Бесими- домаќин на традиционалниот „ЕУ Доручек“
Бесими им „сервираше“ ЕУ доручек на амбасадорите на земјите членки од Европа, амбасадорот на САД и други високи претставници.
По повод 9-ти Мај - Денот на Европа , Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, беше домаќин на традиционалниот „ЕУ Доручек“ на кој присуствуваа Амбасадорите на земјите членки на Европска унија, Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, високи претставници на странските претставништва во Република Македонија како и поранешните вицепремиери на Владата на Република Македонија задолжени за европски прашања.
ЕУ доручекот се организира по втор пат од страна на Секретаријатот за европски прашања со цел одбележување на роденденот на Унијата која годинава одбележува 64 години од основањето и 10 години од последното проширување.
