Изгаснат пожарот во дел од хрватската фабрика за лекови Плива
09.05.2014 12:49
Од Плива соопштиле дека се работело за мал пожар кој е многу брзо изгаснат...

Во еден погон на хрватската фабрика за лекови Плива, претпладенто во 9 и 30 часот избил пожар, кој набргу е изгасен од страна на вработените.
Од Плива соопштиле дека се работело за мал пожар кој е многу брзо изгасен и дека нема опасност за граѓаните и за вработените од штетни хемикалии.
Се запалил градежен отпаден материјал кој бил на заграден простор меѓу два објекта. Материјалната штета е минимална-јавуваат хрватските медиуми.
Соња Стојановска
